More

    Спасовски е задоволен од достоинственото чествување на великанот Делчев

    spot_img

    Дозволете да оддадам признание и да упатам честитки за професионализмот и посветеноста од страна на сите организациони единици при МВР при исклучително добро реализираниот оперативен план во делот на одржување на безбедноста при чествувањето на денот на раѓањето на Гоце Делчев, напиша министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, заблагодарувајќи им се и на граѓаните и на медиумските работници.

    „Како пред гробот на великанот Делчев кај црквата „Свети Спас”, така и на граничните премини, македонската полиција на висина на задачата успешно го спроведе овој настан од највисок безбедносен степен – еклатантен пример за тоа како постапува полиција од европски ранг.

    Благодарност и до граѓаните, медиумите и медиумските работници кои имаа разбирање и на најпрофесионален начин дадоа свој придонес за навистина достоинствено чествување на великанот Гоце Делчев.

    И секако како што и претходно нагласив: македонската полиција нема да дозволи понижување на македонскиот народ.

    Ви благодарам!
    МВР за ГРАЃАНИТЕ!”, напиша министерот на социјалните медиуми.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img