Спасовски: Денешните дојави за бомби се класичен пример за хибридна закана

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска потврди дека утрово имало дојави за поставени експлозивни направи во девет училишта и во Народната банка (НБРСМ) според истиот модус кој е дел од т.н. хибридна војна што се води, не само кај нас.

– Ова е класичен пример на хибридни закани. За среќа што тоа се напади што доаѓаат по електронски пат, односно дојави и што безбедноста апсолутно не се нарушува, посебно да земеме предвид дека НБ е 24 часа обезбедена – изјави Спасовски, по денешната посета и средби во СВР – Струмица.

Тој е дециден дека се преземаат максимално мерки, со нашите стратешки партнери, како што рече, со цел да обезбедиме доказ за било каков аспект.

– Загриженоста е голема, меѓутоа и целта на ваквите хибридни напади е токму тоа. Да се воспостави немир кај граѓаните, да има несигурност, да се влијае на институциите, да се трошат безбедносните служби во државата. Ефикасно се работи од страна на полицијата и сите служби што се вклучени во тој дел. Имаме брзи проверки што ги имаме или напатствија веќе не само во училиштата и во другите институции како се постапува во таков случај – појасни Спасовски.

Напоменувајќи дека веќе во многу земји се променети протоколите во кои степенот на реалноста на заканата се утврдува пред да се преземаат мерки, министерот Спасовски информира дека веќе е разговарано со Националниот комитет за борба против тероризмот и насилен екстремизам и очекува да се преземат активности со кои ќе се сменат протоколите.

– Но, сега се такви протоколите и ќе мора да се почитуваат. Треба да бидеме сите апсолутно претпазливи, посебно менаџерите на институциите во делот на обезбедувањетго, но проверките мора да се реализираат – порача Спасовски.

Во СВР Скопје утрово околу 09.45 часот било пријавено дека на електронска адреса на девет средни училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна нaправа.

– Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите – информираа денеска од МВР.

И од НБРСМ исто така, денеска, околу 10.10 часот било пријавено дека на електронска адреса била упатена закана за поставена експлозивна направа.

- Advertisement -
Ad image

Од МВР нагласуваат дека веднаш се преземени неопходните мерки за безбедно евакуирање и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Share This Article