Спасени две повредени лица на патот Попова Шапка – Лешница

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Две лица со „квадрицикл“ попладнето излетале од патот Попова Шапка – Лешница, во близина на бачило „Лешница“ во провалија, при што се здобиле со повреди, а по интервенција на надлежните институции веќе се преземени од тим на Итна медицинска помош, информира Центарот за управување со кризи.

Несреќата била пријавена попладне во 16.06 часот на Eдинствениот повикувачки број за итни повици 112 во ЦУК. Преку конференциска врска со Полициска станица Попова Шапка е добиено известување дека на патниот правец Попова Шапка – Лешница, во близина на бачило „Лешница“, две лица со „квадрицикл“ излетале од патот во провалија. Со нив имало уште едно лице со „квадрицикл“, но не можело да ги види ниту да ги слушне откако излетале.

Од ЦУК истакбнуваат дека веднаш беа извршени повеќе комуникациски координативни дејста од ЦУК, согласно барањата од терен и можностите.

-Во 16:50 часот, од ПС Попова Шапка известија дека со лицата се стапило во контакт, дека се живи но имале повреди и оти се извлечени за да може возило на Итна медицинска помош да ги преземе. Според последните известувања до ЦУК, лицата се веќе преземени од Итна медицинска помош и со медицинското возилото се на пат кон болница, се наведува во информацијата од ЦУК

Share This Article