Советот за јавни обвинители расправа за три дисциплински постапки

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

На денешната седница на Советот на јавни обвинители една од точките на дневен ред е разрешување на поранешната шефица на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција Вилма Русковска, дознаваме од неофицијални извори.

На Дневен ред на 85 седница на СОЈРМ за денеска на дневен ред, покрај другите точки, се разгледуваат и дисциплинските постапки СОЖ 4/22, 1/23 и 2/23 зад кои се крие предметот против Русковска и две обвинителки, поведена уште во декември лани, поради „основано сомнение дека трите јавни обвинителки сториле тешка дисциплинска повреда од член 91 алинеја 6 од Законот за јавното обвинителство“.

– Постапувајќи по предлогот на јавниот обвинител на Република Северна Македонија, Љубомир Јовевски, Комисијата одржа расправа на која го разгледа писмениот извештај од известителот по предлогот за поведување дисциплинска постапка и писмените изјаснувања на јавните обвинителки, по што оцени дека постои основано сомнение дека трите јавни обвинителки сториле тешка дисциплинска повреда од член 91 алинеја 6 од Законот за јавното обвинителство – соопшти тогаш Јавното обвинителство.

Шефицата на Обвинителството за организиран криминал и корупција Вилма Русковска претходно доби решение за суспензија, поради претресот во финансиската полиција. Заедно со Русковска беше поведена дисциплинска постапка и против обвинителките Ивана Трајчева и Елизабета Јосифовска.

Share This Article