Израелските одбранбени сили соопштија дека најмалку 1.200 Израелци биле убиени во нападите на палестинската милитантна група Хамас врз Израел. Покрај тоа, повеќе од 2.700 луѓе биле повредени.
Од друга страна, палестинското Министерство за здравство соопшти дека бројот на загинати Палестинци во офанзивата на израелските сили на Појасот Газа е зголемен на 1.200, додека околу 5.600 лица се повредени.
Поради судирите 338.000 луѓе се иселени од појасот Газа, а десетици луѓе се земени како заложници.
Советот за безбедност на ОН заседава утре попладне на состанок на кој ќе се разговара за конфликтот меѓу Израел и палестинската екстремистичка група Хамас во Газа.
Ова 15-члено тело на светската организација се состана зад затворени врати во неделата, еден ден откако Хамас почна со нападите врз Израел.