На вчерашната 15-та седница, Советот на Општина Дебрца, со 7 (седум) гласа “за” го донесе Буџетот на општина Дебрца за 2023 година и Годишните развојни програми на општината за 2023 година.
На изготвувањето на буџетот претходеше транспарентна постапка во која граѓаните, месните заедници, здруженијата на граѓани и други заинтересирани страни можеа да дадат свои предлози во поглед на креирање на буџетот за 2023 година.
Вкупниот буџет на општина Дебрца за 2023 година е проектиран на износ од 113.000.000 денари.
Основната цел на буџетот е да ги намали непродуктивните трошоци и да обезбеди простор за реализација на повеќе проекти.
На тој начин ќе се обезбеди простор за мерки и проекти кои што ќе значат зајакнување на социјалната кохезија помеѓу граѓаните и зголемување на квалитетот на живот во општината.
Во буџетот за 2023 година предвидено е реализација на капитални инфраструктурни проекти, проекти од областа на образованието, културата, социјалата, спортот, животната средина, руралниот туризам и други.