More

    ДЕЛЕГАЦИЈА ОД ЈАПОНИЈА ВО ПОСЕТА НА ОПШТИНА ОХРИД

    spot_img

    Јапонска делегација од компанијата „Маезава“ која што се занимава со производство и изградба на прочистителни станици за отпадни води денес беше во посета на Општина Охрид.

    На работниот состанок со градоначалникот Кирил Пецаков  се разговараше за деталите и капацитетот на прочистителните станици што тие ги нудат. Градоначалникот Пецаков ги информира гостите дека постојниот систем за заштита на Охридското езеро завршува во с. Пештани. Отпадните води од с. Трпејца, не е оптимално да се транспортираат до овој колекторски систем.  Општината Охрид презема активности за решавање на проблемот со зафаќање на отпадните води од секо домаќинство, нивен транспорт до идна локална пречистителна станица каде ќе се врши нивно пречистување и така пречистени ќе се испуштаат во Охридското Езеро.

    На средбата беше посочено дека општината   има изработено Основен проект за канализациски систем и пречистителна станица за отпадни води во с. Трпејца кој проект е завршен. Според него се предвидува изградба на  Комплетно автоматизирана пречистителна станица со два режими на работа – летен и зимски со максимален капацитет од 124 m3/d во лето и 45 m3/d во зима со најсовремена SBR технологија за прочитување. Вкупно количини на отпадни води е 124 m3/d. Вкупна должина на канализациона мрежа е 2,325 m.

     Гостите од Јапонија беа информирани дека   државното  јавно претпријатие “Колекторски систем“  ги  превзеде  обврските за одржување, обновување и продолжување на колекторскиот систем.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img