Архимандритот Нектариј монашкото чудо на православието, игумен на манастирот „Свети Наум Охридски“ е годинешен добитник на највисоката награда – Патрон на градот „Св.Климент Охридски.
Изборот на Архимандритот Нектариј годинешен добитник на највисоката награда – Патрон на градот „Св.Климент Охридски го најавив уште на ден 28-11-2022 година под наслов „Архимандритот Нектариј монашкото чудо на православието“ и , искрено ,доколку некој заслужил да ја добие оваа награда Патрон на градот „Св.Климент Охридски,тогаш за прв пат во последните 15 гоини комисијата за доделување на награди и признанија на град Охрид , предводена од градоначалникот Кирил Пецаков, донеле вистински права одлука.
Оваа година ни беше посебна по моногу нешта,посебно сум горд што ќе бидам дел од оваа манифестација во друштво на Архимандритот Нектариј ,како добитник на Повелбата Патрон на градот Охрид „Свети Климент Охридски“ во име на СОС БАЛКАН МЕДИА Охрид,зошто да се биде до Архимандритот Нектариј на вакво големо чествување , преставува господова премисла,но и обврска да го шириме хуманизмот во иднина.
Смислата на човековото постоење е’ да остави трага зад себе ,така и ние СОС БАЛКАН МЕДИА во изминативе 9 години посатвивме незибришлив траг во Македонија,постанавме двигатели на хуманизмот не само во Охрид туку на цела територија на Македонија,зад нас стојат многу хуманитарни акции,со посебен акцент на потребите на лицата со телесен инвалидитет,на што сме посебно горди,но во изминативе 9 години помагавме и на низа институции посебно во делот на здравствениот сектор и таму оствиве неизбришлива трага…
СОС Балкан Медиа во своите хумани мисии зад себе има и свој партнери од бизнис секторот , без чија помош нашите мисии ќе беа невозможни. Во оваа прилика искрено сакам да се заблагодарам на господата Христо Кондовски и Зоран Пејчиноски од „СН Осигурителен Брокер“ – Битола , на господинот Љупчо Џуклевски сопственик на „Отпад ДОО Охрид“, на Горан Јошевски од ТА „ ЈК Травел“ Битола и на многу други наши партнери кој со искрени намери ги подрѓаа сите наши хуманитарни проекти.
Посебно сум благодарен на оснивачите и членството на СОС БАЛКАН МЕДИА,кој вложуваа надчовечки напори во реализацијата на хуманитарните проекти.
Сашо Денесовски- СОС БАЛКАН МЕДИА Охрид