More

    Соработката меѓу Скопје и Софија во образованието и културата се интензивира

    spot_img

    Во пријателската атмосфера и со акцент на продлабочување и интензивирање на веќе воспоставената соработка во изминатите години поминал Вториот состанок на четвртата работна група за продлабочување на билатералната соработка меѓу Владите на Северна Македонија и на Бугарија во делот на културата, образованието и науката, туризмот и младите и спортот.

    Ова беше посочено на заедничката прес-конференција по средбата, од министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска и министерот за образование и наука на Бугарија, Николај Денков.

    – Имаме навистина многу голем напредок, но она што веќе е една воспоставена долгогодишна соработка меѓу двете земји. Со секој изминат состанок ние тоа го заклучуваме дека соработката во полето на образованието и културата е навистина голема меѓу двете земји и таа само се интензивира на полиња кои што досега или не биле опфатени или на полиња кои досега сме сметале дека сме постигнале одреден напредок, изјави Костадиновска Стојчевска.

    Сето она што се договара во работните средби на овие групи, Костадиновска Стојчевска нагласи, дека е во контекст на договореното меѓу премиерите, но и дека со секоја работна средба одат и чекор понатаму во интензивирање и продлабочување на соработката.

    Заеднички е, посочи Костадиновска Стојчевска, заклучокот дека досега во културата се реализирани повеќе проекти и иницијативи и дека оваа соработка треба да продолжи, но и да се интензивира, за што ќе придонесе и потпишувањето на новата програма за соработка меѓу двете министерства, за периодот 2022-2025 година, на која веќе се работи.

    – Во меѓувреме треба да се реализира договорената соработка меѓу Националната галерија на Северна Македонија и Државниот културен институт во Бугарија. Продолжува плодната соработка меѓу Националната опера и балет и оперските куќи од Варна и Бургас, а особено е значајно продолжувањето на соработката на Археолошките музеи, изјави Костадиновска Стојчевска.

    Во полето на образованието на средбата, Костадиновска Стојчевска, рече дека било разговарано и за соработка во областа на образованието и науката во двете држави, за соработка во програмата Ерезмус, за проекти од мешовити научни екипи, како и за одржување заеднички состанок на ректорите од Универзитетите од двете земји.

    По отворањето на авионската линија Скопје-Софија и обратно, Костадиновска Стојчевска, посочи дека претставниците од ресорот туризам веќе преземаат активности за потпишување меморандум за соработка меѓу Министерството за туризам на Бугарија и Министерството за економија на Северна Македонија.

    Во ресорот за млади и спорт, како што посочи Костадиновска Стојчевска, работната група исто така, предвидува двете страни да изработат и потпишат меморандум за соработка, на што веќе се работи.

    Министерот за образование и наука на Бугарија, Николај Денков, по средбата, изрази благодарност за пријателската атмосфера, која што, како што посочи, овозможила да направат голем чекор напред во конкретните активности во следните месеци.

    – Разгледуваме конкретни проекти кои сакаме да ги реализираме во следните месеци. Искуството на Бугарија во Еразмус програмата ќе помогне на нашите пријатели и колеги да бидат поуспешни. Имаме и заеднички научни програми, во различни области каде што колективи и од двете земји прават истражувања, изјави Денков.

    Во однос на програмата Еразмус, Денков посочи дека откако ќе се потпише меморандумот меѓу двете агенции, веднаш ќе почне планирањето на активности за размена на студенти и професори.

    Во областа на младите и спортот, посочи Денков, имаме што да научиме едни од други, посочувајќи дека во Бугарија биле забележани успесите на Северна Македонија во последните години.

    – Ќе помагаме во се, каде што можеме, имајќи го во предвид нашето поголемо искуство во контактите со ЕК. Јас сум убеден дека, исто така, ќе научиме и многу од вас, изјави Денков.

    Во областа на високото образование, Денков рече дека меѓу двете земји има добри традиции, особено во медицинското образование и за информациски технологии, како и дека универзитетите од двете земји веќе разговараат како да работат заедно за обука на студенти во овие области.

    – Предвидена е средба на советите на ректори од двете земји, со цел да се продолжи оваа соработка, но и да се разгледаат некои теми за кои има потреба. Една од темите е поврзана со побрзо признавање на дипломите и од едната и од другата држава, што ќе можеме да го решиме во следните месеци, изјави Денков.

    Согласно новиот пристап во разговорите со Бугарија, утврден на заедничката меѓувладина седница што се одржа на крајот на јануари во Софија, двете влади формираа четири работни групи – за економија, трговија и иновации, за инфраструктура, транспорт и поврзување, за европска интеграција и зелени политики и за култура, наука и образование. Историските прашања ќе ги разгледува веќе постоечката Мешовитата македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања. Разговорите за политичкиот пакет прашања се разгледуваат на експертско ниво, меѓу двете министерства за надворешни работи.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img