САД потпишаа меморандум со сопствениците на некои од најголемите светски платформи за социјални медиуми, чија цел е да се спречи нивната употреба за дистрибуција на синтетички дроги.
Постојаната претставничка на САД во ОН, Линда Томас-Гринфилд, истакна дека „технолошките компании имаат клучна улога, како во запирање на нелегалното производство, трговија и дистрибуција на синтетички дроги, така и во едукација на јавноста“.
Алијансата за спречување на штети од наркотици беше формирана со заеднички напори на Мисијата на САД во Обединетите нации и корпорациите „Мета“ (сопственик на Фејсбук и на Вотсап), „Икс“ и „Снап“ (сопственик на Снепчат).