Инспектори од Секторот за инспекциски работи на Општина Центар при вонреден инспекциски надзор, по пријава на граѓани, затекнале исечени здрави дрвја на парцела во приватна сопственост.
На предметената локација не се затекнати сторители, а дел од дрвата на парцелата биле веќе исечени.
„Општинските инспектори ги повикале сопствениците на парцелата и со нив извршиле информативен разговор, за што сопствениците ги информирале дека се оградуваат и дека тие не ја извршиле сечата. Сопствениците на парцелата исто така се задолжени од инспекторите да ја донесат целосната документација на увид во Секторот за инспекциски работи на Општина Центар“, се наведува во соопштението на општина Центар.
Општина Центар на локацијата ги повикала сите надлежни институции, ЈП „Паркови и зеленило“, Шумската полиција, полиција. На терен иззлегле инспектори од МВР, со цел да се дознае кој и зошто ја извршил сечата на дрва, а сопствениците со целосната документација се повикани на разговор во Секторот за инспекциски работи на Општина Центар.