More

    Сопственикот на стрелиштето ќе лежи 5 месеци во домашен затвор

    spot_img

    Петмесечна казна домашен затвор му беше изречена денеска од Вишиот суд во Белград на Ратко Ивановиќ, сопственикот на стрелиште каде што научил да пука малолетникот кој го изврши масакрот во училиштето на Владислав Рибникар, јавија белградските медиуми.

    Ивановиќ е прогласен за виновен за кривичното дело давање лажен исказ, објавија од тој суд. Пресудата е донесена по спогодба со Судот.

    Казната ќе ја издржува во просториите каде што живее и кои не смее да ги напушти, освен во случаите пропишани со законот за извршување на кривичните санкции, без користење електронски надзор.

    Јавните обвинители, обвинетиот и неговите бранители се откажаа од правото на жалба на таа одлука, и таа е конечна.

    За овој случај, судењето на родителите на момчето и инструкторот на стрелиштето продолжува. За давање лажен исказ е обвинет и инструкторот на стрелиште Немања Маринковиќ.

    Малолетниот К.К. на 3 мај минатата година уби девет соученици и еден училишен чувар во училиштето Владислав Рибникар во Белград. Со оглед на тоа дека во моментот на убиството имал 13 години, К.К. не може кривично да биде гонет.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img