More

    Сопственикот на „реното“ сведочеше дека Влатко и Велибор имале поданички однос кон Палевски

    spot_img

    Возилото „рено канго“ кое го користеле обвинетите за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, ѝ било донирано на партијата Десна од страна на Рита Кириќ и нејзиниот сопруг Ѓорги Џолев. Тие двајцата денеска сведочеа како се случило тоа.

    – Тоа возило сопругот го користеше за фирмата, ја затворивме фирмата и тоа возило го ставивме на мое име. Кога се преселивме во Исланд тоа остана на паркинг и стоеше така. Дадов полномошно на пријател да го вози. Не беше регистрирано, па сопругот рече да го регистрираме и да го дадеме на партијата Десна да го користи. Им требало за преселба. Сопругот Ѓорги Џолев беше член на партијата, јас не. Јас дадов потпис за основање на партијата, но не сум член. Го регистриравме возилото, јас не го имав возено претходно. Бевме со Влатко Кешишев и со Кирил Манчевски, ја регистрираа и ја зедоа колата. Јас бев фиктивен сопственик, фигурирав само како сопственик, едноставно сопругот само со устен договор им го даде на користење, без писмен договор и без полномошно – рече Кириќ.

    Таа додаде дека на 2 декември 2023 година ја повикале во полициска станица да даде изјава.

    – Кога заврши преселбата на партијата, не го побаравме возилото назад. Сопругот така сакаше. Сум го гледала возилото на паркинг кај штабот на партијата. Само еднаш сум била во штабот. Јас сум архитект и бев да земам мерки за да се прави студио. Палевски и Кешишев ги знам од видување, не ги знам лично, а другиве двајца никогаш не сум ги видела – рече Кириќ.

    Првообвинетиот Љупчо Палевски ја праша Кириќ во колку часот ја повикале во полициска станица и дали таму го спомнале неговото име.

    – Во 7 или во 7.30 часот ми се јави мајка ми, зашто јас се водам на друга адреса. Дојдоа по мене во Карпош, ме зедоа вечерта околу 7.30 часот. Не го спомнаа вашето име. Јас им кажував дека сум сопственик на возилото, а дека сопругот го дал на користење на партијата Десна – одговори Кириќ.

    „КАЖИ МУ НА ИЛОН МАСК ДА ЈА ПОБАРА ВАЊА ПРЕКУ САТЕЛИТ“ Гоце дошол до првата трага поврзувајќи го исчезнатиот „цитроен“ со исчезнувањето на девојчето

    Судијата ја праша дали возилото било дадено како донација или им било платено за него.

    – Не, без документи го дадовме на користење. Не ни беше платено, го дониравме – додаде Кириќ.

    Нејзиниот сопруг Ѓорѓи Џолев во денешното сведочење рече дека возилото „рено канго“ го дал на партијата Десна на користење пред да замине во странство, а патувал на 9 септември 2023.

    – Тоа возило е донесено од Исланд во 2009 година. Немаше кој да го одржува, беше 2 до 3 години кај член на Десна, тој го одржуваше, но замина за Австралија. Мајка ми и татко ми се стари, не можат да го одржуваат. Дојдов летото во Македонија, партијата Десна требаше да се сели од Кисела Вода во Центар и решив да им го дадам – рече Џолев.

    Тој додаде дека е претседател на Централниот комитет на Десна, дека од 2019 година бил член на движењето Трета политика, дека не помни точно кога потпишал пристапница за Десна, но дека мисли дека тоа било пролетта 2023 година.

    – Палевски го познавам од 2017 година, Велибор од времето на пандемијата со корона, Кешишев го знам од 2022 година, Боре го запознав последен, во 2023 година. Со Палчо ме запозна еден негов пројател. Ги следев неговите поткасти. Пред референдумот имаше процес „Бојктирам“ и јас бев дел од тој процес. Со палевски не се слушав претерано често, додека бев во Исланд се слушавме еднаш месечно, на Вибер, Телеграм. Немаше посебна причина да го дадам возилото. Не дадов полномошно, не го дадов под никаков услов, го дадов на располагање на партијата. Мене ми беше полесно некој да го користи тоа возило, да го пали. Во Исланд цело време се позајмуваат коли, тоа не е проблем. Јас им го оставив комбето за селење, се регистрираше возилото и го користеа за селење. Често користам туѓо возило, го давам моето и не се интересирав кој точно го вози, каде го вози итн. Не сметав дека некој треба да ми рапортира кој го вози – рече Џолев.

    Тој рече дека одел во партијата каде се среќавал со Палевски и со Кешишев, а Велибор Манев го гледал поретко.

    За време на претресот во седиштето на партијата Десна Џолев бил во полициска станица.

    – Бев во станица 24 часа. Ми се јави сопругата, испаничена. Рече дека ја барале од Крвни деликти. Таа кажала дека само формално е сопственик, а дека јас сум реален сопственик на возилото, па мене вечерта во 20 часот ме повикаа во станица – рече Џолев.

    Тој додаде дека на 30 ноември 2023 година бил во партијата Десна и дека Влатко Кешишов му кажал дека Палевски е на лекар.

    – Сте виделе ли пиштол во седиштето на партијата? -праша обвинителот.

    – Да. Во штабот во Кисела Вода кај „Шампионче“. Таму имаше студио. Во една соба каде што спиеше Палевски, го видов во футрола со темнокафена боја. Не прашав зошто е пиштолот. Не знам чиј е пиштолот, претпоставувам дека е на Палевски – одговори Џолев.

    Тој објасни дека партијата Десна се финансирала со донации и со членарина, и дека врзувале крај со крај.

    – Јас донирав така што плаќав сметки, купував дел од опремата. Немам информации дали и колку другите членови донирале. Знам дека имаше донации во камери, појачала, претпоставувам дека и други плаќале сметки – рече Џолев.

    – Кој од обвинетите беше најблизок со Палевски? – праша обвинителот.

    – Влатко и Велибор Манев, дури имаа и некој поданички однос и ми беше чудно зошто така се однесуваат. На пример, со Палевски сме се расправале за физика, за други работи и во дискусии сме си повишувале тон, а тие никогаш не повишиле тон. Ми беше чуден односот.

    – Како доаѓаа тие во Скопје? – праша обвинителот.

    – Со кола претпоставувам. Велибор доаѓаше и сам и со Кешишев, Боре никогаш не сум го видел сам во партијата. Со адвокатот Васко се гледавме некогаш почесто, некогаш поретко. Кога ми се јави сопругата да ми каже дека е повикана во станица, му се јавив на Васко, да прашам што треба да правиме. Тој ми рече „оди, веројатно не е ништо страшно“. Ми кажа дека го однел Палчо во Србија, ама не ми даде детали – рече Џолев.

    – Не ви беше чудно што Палевски заминал толку скоро пред конгресот на партијата кој бил закажан за 2 декември 2023 година? – праша обвинителот.

    – Не ми беше чудно, не се сеќавам дали во тој момент го прашав Васко каде го однел Палчо на лекар.

    – Го познавате ли Стефан Димковски? – праша обвинителот.

    – Да, имавме онлајн состаноци, тој беше дел од комисијата за земјоделие во партијата, се договаравме после конгресот да одиме во Копаоник на скијање.

    – И не ви беше чудно што Палески пред конгресот заминал од Македонија? – повторно праша обвинителот.

    Палевски даде приговор и рече дека тоа не било конгрес, туку централен комитет на партијата што не е исто.

    – И не ви беше чудно што Палески пред централниот коитет заминал од Македонија? –
    – Не, не беше проблем тоа, сите имавме упатства како да постапуваме – рече Џолев.

    – Што знаевте за тоа кога ќе се врати, контактиравте ли? – праша обвинителот.

    – Да, му пишав, тој ми рече ако завршам на време со кичмата, ќе дојдам. Не го прашав каде е. Не е тоа чудно и не е ненормално да не биде присутен претседателот на централен комитет – рече Џолев.

    – Како дознавте за вања? – праша обвинителот.

    – За Вања видов на Фејсбук кога беше објавено дека е исчезната, го постирав тоа и на мојот фејсбук, дека девојчето се бара. Кога бев во станица за колата, по однесувањето на инспекторите видов дека нешто се случува, ама не знаев што. Кога беше објавено за Вања, бев во ресторан во Аеродром, со Васко Стојков и со Кристијан Плотников. Таму дознавме дека е пронајдено телото. Не комуницирав после тоа со Палевски. Немав никаква комуникација со него, откако беше објавено дека тој е извршител на делото – сведочеше Џолев.

    – Дали на 22.11.2023 се видовте со обвинетите? – праша обвинителот.

    – Не се видов со тројцата, само попладнето со Палевски, но не сум 100 отсто сигурен дали тој ден точно беше. Возилото тој ден не беше во штабот – рече Џолев.

    – Дали на 24.11 се видовте? – праша обвинителот.

    – Можеби се видов со Палевски, со другите не. Околу 12 на пладне. Не би можел да се сетам дали во тој момент го видов возилото пред партијата – рече Џолев.

    – Дали на 27.11 имавте контакт? – праша обвинителот.

    – Со Велибор, Влатко и со Боре не, со Палевски е голема веројатноста дека да, зашто комунициравме секојдневно. Тој не ми кажа каде е. Комунициравме во врска со партијата. После моето одење во полиција, повеќе не сим комуницирал со Палески. Деновите кога се случуваа настаните, имавме контакт. Комунициравме преку Телеграм – рече Џолев.

    – Му кажавте ли дека сте повикани во полициска станица, имавте ли комуникација? – праша обвинителот

    – Да. На Телеграм. Му кажав дека сопругата е во станица и дека и јас сум повикан, дека сме повикани од Крвни деликти, нешто во врска со колата. Разговорите беа кратки, му зборував додека одев – рече Џолев.

    Адвокатот на Велибор Манев го праша кога го видол пиштолот во седиштето во Кисела Вода?

    – Не се сеќавам точно. Во периодот до летото 2023 – рече Џолев.

    – Дали поседував пиштол? – праша Палевски.

    – Јас мислам дека имавте дозвола за поседување пиштол – рече Џолев.

    – Во колку чаасот ве повикаа на информативен разговор во полиција? – прааша Палевски.

    – На 1 декември околу 20 часот – рече Џолев.

    – Дали на тој распит ме спомнаа и во која околност? – праша Палевски.

    – Да. Еден инспектор ме праша дали сме сакале да ја дестабилизираме земјата, ме прашуваа за мојата комуникација со вас, како сме комуницирале – рече Џолев.

    – На 22 ноември се одржа „Крш дебата“, се сеќавате ли дека се одржа поткаст? – праша Палевски.

    – Да, секоја среда имаше поткаст. Вие бевте во канцеларијата – рече Џолев.

    – Дали разговараме за комбето, дали ме праша за комбето?

    – Да, одговорот беше дека Велибор го однел на мајстор во Куманово.

    На прашање од судијата Џолев рече дека Кешишев живеел во седиштето на партијата.

    – Спомнавте поданички однос на Влатко и на Велибор, што значи тоа? – праша судијата.

    – Како умилкување – рече Џолев.

    – Дали тоа значи дека би направиле сѐ што ќе побара Палевски? – праша судијата.

    – Тие никогаш не му се спротивставуваа, ми изгледаа како негови поданици – рече Џолев.

    – Споменавте пиштол, на кој датум го видовте? – праша судијата.

    – Не се сеќавам на датум, во седиштето во Кисела Вода, во една просторија се правеа поткасти и дебати, а зад таа соба имаше друга соба во која долу на под на вреќа спиеше Палески. Во таа соба го видов пиштолот. Во новиот штаб се преселивме на 1 октомври 2023, пиштолот го видов минимум шест месеци претходно – рече Џолев.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img