Сопругот на Ирма Гарсија, една од двете учителки убиени во масакрот во училиште во Тексас, почина од срцев удар.
Информацијата на „Твитер“ ја објави нејзиниот внук, а веста ја пренесоа американските медиуми.
– Со длабока жалост морам да ви кажам како од тага почина сопругот на тетка ми Ирма, Џо Гарсија. Немам зборови да опишам како се чувствуваме, молете се за нашето семејство. Боже, смилувај ни се, ова не е лесно – напиша Мартинез.
Гарсија отишол да и’ остави цвеќе на својата трагично почината сопруга. Кога стигнал дома, паднал.
– Мојата тетка Ирма и Џо Гарсија се заедно од средно училиште и зад себе оставија четири прекрасни деца. Тие имаат 23, 19, 15 години, а најмладата има само 13 години – напиша тој на Твитер. Оваа информација ја потврди и новинарот на Фокс од Сан Антонио, Ерни Зунига.
Гарсија работела во училиштето 23 години.
– Таа се жртвуваше за да ги заштити децата во својата училница – напиша нејзиниот внук на Твитер и додаде: „Таа умре како херој, многумина ја сакаа и на сите навистина ќе ни недостига“.
Во напад во основното училиште Роб во Тексас загинаа 19 деца и двајца возрасни.