Сопругата на популарниот српски актер Милош Биковиќ, Ивана Малиќ, вчера на 7 јули го прослави својот 27 роденден.
Ивана на својот Инстаграм се пофали со изненадувањето што и го приреди Милош на нејзиниот посебен ден.
Во собата ја чекало црвен балон во форма на срце, како и еден во кој се наоѓале пердуви во истата боја, со натпис на руски.
– Среќен роденден.
Ивана потоа објави фотографија со Биковиќ и кратко напиша: „Среќа“, со емотикон на срце.
Инаку, Ивана на 9 јануари стана мајка на момчето Василије, кое им донесе радост на семејствата Биковиќ и Малиќ.
Оттогаш тие уживаат во својот луксузен дом во Белград, но и во Москва, каде што Милош одвреме-навреме мора да замине поради деловни обврски, а Ивана неодамна објави прекрасна глетка од терасата на станот во кој живеат во Москва.
Од нивниот прозорец се гледа прекрасен поглед на познатиот Црвен плоштад во Москва, а фотографијата била проследена и со описот:
– Сезоната на тераси во Москва официјално е отворена.