More

    Сопругата на новоизбраниот американски претседател оналд Трамп, Меланија нема да се пресели во Вашингтон за време на вториот мандат на нејзиниот сопруг

    spot_img

    Сопругата на новоизбраниот американски претседател оналд Трамп, Меланија нема да се пресели во Вашингтон за време на вториот мандат на нејзиниот сопруг, oбјави Си-Ен-Ен, повикувајќи се на неименувани извори.

     

    Тие истакнаа дека во тек се дискусии за тоа како и каде точно ќе го поминува времето за време на вториот мандат на Трамп.

     

     

    Се очекува идната прва дама на САД поголемиот дел од времето да го помине во Њујорк и во Палм Бич, Флорида.

    По изборите во 2016 година, Трамп го одложи нејзиното преселување во Вашингтон и таа пристигна во Белата куќа неколку месеци по инаугурацијата бидејќи синот Барон, кој тогаш имаше 10 години, ја завршуваше учебната година.

    Барон Трамп сега има 18 години и студира на Универзитетот во Њујорк. Изворите сугерираат дека првата дама исто така ќе помине многу време во Њујорк за да биде поблиску до Барон.

     

    Во средата Меланија Трамп одби да се сретне со првата дама во заминување, Џил Бајден при средбата на нивните сопрузи во Белата куќа.

    Според „Њујорк Пост“, Меланија се решила за овој потег бидејќи администрацијата на Бајден, во рамките на истрагите за Трамп, наредила и претрес на нејзината„ фиока за долна облека“ во резиденцијата на Трамп во Мар-а-Лаго на Флорида.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img