Сопругата го изневерувала со тренерот, му ги украла и скапоцените часовници

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Еден од најпознатите парови, Франческо Тоти и Илари Бласи, се разведуваат по 17 години брак, пренесоа италијанските медиуми, а сега испливаа нови детали.

Франческо и Илари биле во брак од 2005 година, но врската ја започнале неколку години претходно, така што севкупно се 20 години заедно. Сепак, годинава одлучиле да се разведат.

Иако многумина сметале дека причината за разводот е неверството на фудбалерот, медиумите пишуваа дека главниот виновник за разводот е всушност личниот тренер на Илари Бласи, Кристијан Јовин.

Се спомнувало дека поради целата ситуација Тоти паднал во депресија, а потоа отишол чекор напред па ја обвинил сопругата за неверство, но и дека наводно му ги украла скапоцените часовници.

 

Илари долго не се огласувала, но сепак одлучила преку адвокатот Алесандро Симона да каже што има, пренесува „Corriere dello Sport“.

„Секогаш правев сè за да ги заштитам своите деца и ќе продолжам да го правам тоа. Нивната сигурност ми е на прво место, секој е одговорен за своите постапки. Последните години сведочев на работи кои можат да уништат 50 семејства“, порачала таа.

Истиот извор истакнува дека тоа е само почетокот на силата и долгата низа откритија поради тоа што Тоти неодамна рекол дека Бласи не била покрај него кога му била најпотребна, но и дека нашол пораки во нејзиниот телефон кои само го докажуваат нејзиното неверство.

- Advertisement -
Ad image

 

– Прочитав многу за неколку седмици, поради тие работи страдаат нашите деца. Стоп. Преживеав тежок период, прво затоа што престанав да играм фудбал, а потоа дојде и смртта на мојот татко којшто почина како последица на Ковид. Баш кога сопругата ми беше најпотребна, не беше тука. Во септември минатата година до мене стигнаа гласини дека Илари има друг, односно повеќе од еден, а потоа ги открив пораките на нејзиниот телефон. Нешто како „се гледаме во хотелот“ и слично – рекол Тоти.

- Advertisement -
Ad image

ФОТО: Инстаграм

Share This Article