More

    СОНК: Во петок до пладне очекуваме понуда за платите

    spot_img

    Претседателот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) Јаким Неделков изјави дека очекуваат до утре вечер, односно петок до 12 часот да имаат понуда за зголемување на платите за да можат да ја дистрибуираат понудата, да соберат повратни информации и евентуално Советот на СОНК да донесе одлука по тие информации и да бидат експедитивни, за да има време да се објави дека учениците и во градинките од понеделник ќе одат на настава.

    На прашањето која е црвената линија што членството односно СОНК може да си ја дозволи за да може штрајкот да сопре, Неделков нагласи дека не разговарале за црвена линија меѓутоа тоа не значи, подвлече, дека под 18,4 проценти нема ништо да прифатиме.

    – Колку ќе прифатиме, многу зависи од тоа колку ќе ни понудат. Ако биде симболично понудување, тоа членството ќе го препознае и ќе сфати дека тоа е несериозен предлог – рече меѓу другото претседателот на СОНК.

    Неделков апелира што побрзо да се дојде до решение за што побрзо да се надмине оваа ситуација и да се врати нормалниот тек во училиштата и во градинките.

    Неделков во дневникот на Сител изјави дека на денешната средба со министерот за образование и наука Јетон Шаќири разговарале за зголемување на платите, но не и за процентите за зголемување. Шаќири информирал дека се прават напори да се префрлат средства од Владата односно од разни министерства, но немал точни сознанија и колку, како и кога.

    Прашан дали тоа што добиле уверување дека се бараат пари не е доволно за да се стави во мирување штрајкот за да не трпи грижата за децата и образованието во училиштата, претседателот на СОНК одговори дека влегле во штрајк за да имаат ветување дека ќе имаат зголемување на платите, но членството треба да одлучи.

    Според него, сега се наоѓаат во ситуација кога и двете страни засега се согласуваат во две работи.

    – Прво е што платите во дејноста образование треба и ќе се зголемат. Втората работа е што и Владата и ние, посебно Министерството за образование и верувам и Министерството за труд, сака што побрзо да се прекине штрајкот. Тоа ни е заедничко – изјави Неделков.

    Линеарно зголемување на платите на национално ниво е понудено од друг Синдикат, што за СОНК, како што рече Неделков, е неприфатливо и е паушален предлог.

    Во однос на надоместувањето на загубените денови во наставата во училиштата и одложувањето на сите рокови, уписи во средно и во високото образование, матури, после 10 јуни, Неделков смета дека тоа е цената што ја плаќаат и едната и другата страна и затоа не е потребно „тактизирање“. Според него, има повеќе варијанти, но најсоодветно решение, наведе, е да нема продолжување на учебната година затоа што учениците не се виновни за ситуацијата.

    – Очекуваме од утре натака да бидат посериозни притисоците не само во детските градинки, кои без исклучок се под притисок, туку очекуваме и во училиштата посериозен притисок – изјави Неделков.

    Тој информира дека сѐ уште имаат добри и партнерски односи со министерствата, меѓутоа, рече, не знаеме до каде ќе нѐ однесе оваа криза и можат да се нарушат тие односи.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img