Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, во попладневните часови особено во западните делови ќе има појава на локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 26 до 33 степен. УВ-индексот ќе изнесува 7.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за нестабилност и во делови од котлината појава на пороен дожд со грмежи.
Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 32 степени.