Во најголемиот дел од земјата ќе преовладува претежно сончево и топло време со мала до умерена облачност. Во текот на денот ќе дува слаб ветер претежно од јужен правец. Во попладневните часови ќе има локална појава на пороен дожд и ретки грмежи.
Минималните утрински температури ќе се движат од 8 во Берово до 18 во Гевгелија, а максималните дневни од 28 во Берово и 36 Целзиусови степени во Скопје.
Во Скопје ќе има сончево и топло време со мала до умерена облачност поголема попладне. Ќе дува слаб променлив ветер. Температурата ќе се движи од 15 до 36 степени.
В четврток во земјава ќе Сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне ќе има локална појава на пороен дожд и ретки грмежи.
Минималната температурата ќе се движи од 9 до 19 степени, до максимални 27 до 35 степени.
Следува период на променливо облачно време со локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.
Како што најавуваат од УХМР, процесите ќе бидат поинтензивни во петок и во сабота, кога наместа ќе има појава на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, засилен ветар и град.