Денеска (недела, 15 октомври), утрото ќе биде свежо, преку денот сончево и релативно топло, а кон крајот на денот во северните и западните делови со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец, особено изразен во западните делови.
Температурите ќе достигнат до 30 степени, а во Скопје до 29.
Во текот на ноќта кон понеделник, ќе почне да дува засилен северен ветер, облачноста ќе се зголеми и ќе има локални врнежи од дожд.
Во вторник температурите ќе бидат од 6 до 22 степени. Претпладне ќе биде облачно со локални врнежи од дожд, а попладне променливо облачно. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, најизразен долж Повардарието.
Веќе од вторник се очекува позначутелно опаѓање на температурите и дожд.