Нов африкански бран со високи температури ќе започне од денеска и ќе трае во следните неколку дена, температурата може да достигне до 40 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
„Сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Во Скопје сончево со мала облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец“, се вели во соопштението на УХМР.
Според податоците на УХРМ минимална температура ќе се движи од 12 до 22 степени, а максимална температура од 27 до 38 степени.
В петок синоптичарите најавуваат сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Минимална температура ќе биде од 13 до 22 степени, а максимална температура од 31 до 38 степени.
За време на викендот во попладневните часови ќе има услови за изолиран развој на нестабилна облачност проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и со засилен ветер, а максималната температура ќе достигне до 39 степени, велат од УХРМ.