Времето ќе биде сончево и топло, попладне со мала до умерена локална облачност. Кон крајот на денот претежно во западните делови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи.
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 13, а максималната ќе достигне од 25 до 32 степен.
УВ индексот ќе изнесува 8.
Во Скопје претежно сончево и топло со мала до умерена облачност и слаб до умерен северен ветер.
Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне 31 степен.