Времето денеска ќе биде сончево и потопло со мала локална облачност. Ќе дува слаб јужен, а во западните делови слаб до умерен западен ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 15, а максималната ќе достигне од 24 до 31 степен.
Во Скопје претежно сончево, ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 28 степени.