More

    Сончево и многу топло, попладне наместа со услови за појава на краткотрајно невреме

    spot_img

    Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, наместа со услови за појава на краткотрајно невреме. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 31 до 38 степени. УВ индексот ќе биде 8.

    Во Скопје сончево и многу топло, попладне во делови од котлината ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 36 степени.

    До четврток ќе се задржи многу топло време, но во попладневните и вечерните часови поради влијание на циклонска активност од исток наместа ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално ќе има услови за појава на невреме со град и силен ветер. В петок и сабота ќе дува засилен северен ветер кога се очекува опаѓање на дневните температури.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img