Сомнеж за затајување данок: во Шпанија нова истрага против Шакира

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
Jul 14, 2023 - London, United Kingdom - - SHAKIRA - COLOMBIAN superstar Shakira (left) was spotted in the Centre Court crowd watching her fellow Latin sensation Carlos Alcaraz strut his stuff. One could say the 20-year-old is a threat whenever, wherever and his chips don't lie. I'll see myself out... (Credit Image: © Andy Hooper/Daily Mail/dmg media Licensing),Image: 789503559, License: Rights-managed, Restrictions: , Model Release: no

Во Шпанија беше покрената нова истрага против колумбиската музичка ѕвезда Шакира поради наводно затајување данок. Четириесет и шестгодишната пејачка се очекува на крајот на годината да се појави пред суд во Шпанија поради наводно неплаќање данок на доход во износ од 14,5 милиони евра за периодот од 2012 до 2014 година.

Според француската новинска агенција АФП, судот во градот Есплуге де Лобрегат во близина на Барселона денеска соопшти дека се договорил со обвинителството да истражат два можни случаи на затајување данок од пејачката Шакира во 2018 година. Судот не соопшти други детали.

Во првиот случај, поради неплаќање данок, обвинителството бара затворска казна од осум години и парична казна од 24 милиони евра за Шакира. Шакира претходно го отфрли договорот за признавање вина. Станува збор за случај кој се фокусира на прашањето каде живеела пејачката помеѓу 2012 и 2014 година.

Обвинителите велат дека Шакира се преселила во Шпанија во 2011 година кога јавноста дознала за нејзината врска со дефанзивецот на Барселона Жерар Пике, но официјално останала даночен жител на Бахамите до 2015 година. Адвокатите на Шакира, пак, тврдат дека пејачката до 2014 година најголем дел од парите ги заработувала од меѓународни турнеи, а дури во 2015 година трајно се преселила во Шпанија и ги исполнила сите даночни обврски.

Дури и самата пејачка во неколку наврати негираше дека сторила нешто лошо и тврдеше дека не им должи ништо на шпанските даночни власти.

Шакира и Пике, кои имаат две деца, живееја заедно во Барселона до минатата година кога ја прекинаа 11-годишната врска. Пејачката во април годинава објави дека таа и нејзините деца официјално се селат од Барселона. Со нејзиниот микс на латино и арапски ритми, трикратната добитничка на Греми создаде огромни глобални хитови со песни како што се Секогаш, каде и да и Вака Вака (Овој пат за Африка).

Share This Article