Софиски весник пронајде и живи роднини на Мустафа во Одринско

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Бугарски медиум пишува дека турскиот државник Мустафа Кемал Ататурк бил всушност Бугарин.

„Ататурк има бугарско потекло, а тоа е запишано дури и во енциклопедијата на браќата Данчови отпечатена уште во 1936 година“, пишува бугарскиот весник „24 часа“.

Медиумот наведува дека родителите на создавачот на турската држава биле бугаромухамеданци од Солунско. Во тој крај, наводно, сѐ уште има луѓе кои тврдат дека се роднини со Ататурк.

– Ние сме бугарски селани од Солунско. Нѐ викаат Помаци бидејќи сме ѝ помагале на турската армија во времето на Османлиите. Ататурк е од нашето колено – тврделе жителите на одринското село Азатли, кое се смета за најнаселено бугарско-мухамеданско село во Одринско.

Истражувачот Христо Красин, во книгата „Има ли Турци во Бугарија“ тврди дека Мустафа Кемал е роден во село Себишта во Голо Брдо (меѓу Албанија и Македонија).

Во тоа село, вели Красин, живеат само Бугари мухамеданци, а на времето само оџата знаел малку турски.

Самиот Ататурк, пак, како што пишува софискиот весник, бил единствениот државник од Балканот кој повеќе пати зборувал за поврзаноста со бугарскиот народ, искажувал голема љубов за него и признавал дека во детството си играл само со Бугарчиња.

„Зошто само со нив? Можеби зашто други и немало“, пишува во текстот на „24 часа“ во кој се цитираат зборови на Ататурк дека „нема да ги заборави убавите моменти кои имал во Бугарија и дека го сака бугарскиот народ уште од детството, а во Солун се дружел само со Бугари“.

Весникот дури пренесува дека рускиот научник Афанасиј Селишев тврдел дека во целата област нема ниту еден Турчин. Според напишаното, Мустафа е син на охридски трговци, а семејството подоцна од Себишта се преселило во Солун, додека според некоја верзија мајка му била бугарска мухамеданка.

- Advertisement -
Ad image

Во текстот се вели дека големата љубов на Ататурк – Димитрина исто така е Бугарка.

Инаку, минатата година бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски во видео снимено во Приштина тврдеше дека и Скендербег бил половина Бугарин.

Share This Article