More

    Софија врши силни притисоци врз Македонците во Албанија, бара да се попишат како Бугари

    spot_img

    Цела бугарска машинерија е впуштена во притисоци кон Македонците да се попишат како Бугари, алармира претседателот на македонското здружение „Илинден“, со седиште во Тирана, Никола Ѓурѓај, во разговор за Алфа.

    Тој повикува граѓаните да се попишат како што се чувствуваат и да не „паѓаат” на заканите од страна на бугарските институции и политичари.

    Ѓурѓај вели дека нашинците во Албанија живеат во страв и дека јавните закани може да ги обесхрабрат Македонците затоа што живеат во посиромашни региони.

    – И пред и после пописот заканите од бугарските институции се зголемени. Поради тоа што сите пописи во Албанија нема изјаснети граѓани како Бугари. Тие не бираат средства, делат помош и тоа го прави држава што е во ЕУ, и тоа сите го гледаат, но за жал и сите молчат. Има луѓе кои за тие пасоши даваат и по 10.000 евра и луѓето за спас од сиромаштија прават сѐ – вели Никола Ѓурѓај.

    Тој ги повика македонските и албанските власти итно да преземат мерки и повеќе да се грижат за Македонците во Албанија.

    – Ние ги информиравме албанските и македонските институции треба да знаат што се случува и се надеваме дека ќе помине добро пописот и дека луѓето знаат кои се и што се – порача Ѓурѓај.

    Апел до нашинците да се попишат онака како што се чувствуваат утринава испрати и министерот за надворешни работи Бујар Османи.

    Тој им порача на Македонците во Албанија да не се плашат да ја изразат својата етничка, религиска и јазична припадност.

    Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img