Софија Куновска алармира за увоз на токсични материјали за согорување во Македонија

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Познатата актерка и политичка активистка Софија Куновска на својот профил на Фејсбук споделува статус на Александар Левески, колумнист и аналитичар, кој алармира за наводен увоз на токсични материјали кои се согоруваат во Македонија.

Во постот на Левески се вели дека извесен бизнисмен Р.К. од Скопје, со кого се сретнал и разговарал во Солун на кафе, му открил дека тој во Македонија увезува разни токсични материјали за согорување. Поради тоа го советува воопшто да не доаѓа во Скопје, затоа што тука се дише отровен воздух, поради што „онкологија е полна“.

„Никогаш во Скопје не би се вратил. Сè е загадено со тешки метали и отрови. Затоа Онкологија е полна, ама никој релевантен не смее да зборува, зашто сè е подмачкано“ – се вели во постот на Левески.

Потоа Левески го прашува дали тоа не значи дека и животот на самиот увозник и неговите деца се загрозени, на што овој му вели дека живее во Солун и во Скопје доаѓа ретко, само по потреба.

Неговиот пост стана вирален на социјалните мрежи откако го сподели актерката Куновска, која најави дека ќе го споделува постојано додека не го сврти вниманието на јавноста на овој проблем.

„Знаете колкав масакар е ова во споредба со оној во „Владислав Рибникар“ во Белград? Неспоредливо поголем! Повелете, споделувајте сите, секој ден, за да можеме да сториме нешто! За нашите деца и за нашите животи!“ – пишува Куновска во својот апел.

Самиот Левески подоцна соопшти дека неговиот пост бил „фикција“, а неговиот соговорник со иницијали Р.К. го опиша како „рандом карактер“ (случаен лик).

Share This Article