More

    Софија ги прифати трите аргументи на Николоски

    spot_img

    Трите клучни аргументи на министерот за транспорт, Александар Николоски во однос на продолжување на изградбата на пругата кон Бугарија се прифатени на вчерашната средба во Софија на која учествуваа и претставници на Европската Унија, информира Министерството за транспорт.

    Според Николовски, прво, мора да има заеднички проект за тунелот со цел да не се гради тунел кој не води никаде, понатаму Бугарија да го заврши својот дел од пругата и трето да се ревидира цената која е превисока како и ревидиирање на самиот проект.

    На состанокот од двете страни е прифатено, по проценката на ризиците, изградбата на тунелот за железничко поврзување меѓу Македонија и Бугарија, да биде од еден изведувач.

    „Прифатено е целиот проект во делот фаза 3 (делница Крива Паланка – Деве Баир), да биде преиспитан со цел да се намали цената која е превисока. Да се користи одлуката за технички проект за тунелот поднесен од ЈП Железници Инфраструктура. Договорено е двете земји да формираат работни групи со цел да се подготви потребната документација за тунелот“, се наведува во соопштението.

    Како што е соопштено, двете страни размениле информации, временски рамки за изградба, а споделиле и искуства во однос со техничките прашања за изградбата на коридорот 8, посебно во делот на процедурите за идното функционирање на прекуграничниот тунел „Деве Баир”.

    Исто така двете страни се согласни договореното да го презентираат пред одговорните финансиски институции на ЕУ.

    На состанокот, од македонската страна предводена од Државниот секретар во Министерството за транспорт, Стефан Волкановски и директорот на Железница Инфраструктура Синиша Ивановски, беше истакнато дека Македонија не отстапува од железничкото поврзување и на овој проект се гледа како регионален проект со кој се потенцира развојот на европските транспортни мрежи.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img