More

    Сочувство од СДСМ до семејството на Вања Ѓорчевска

    spot_img

    СДСМ изрази сочувство до семејството, до сите роднини, пријатели, соученици на настраданото девојче.

    „Сите сме во тага и голема болка, целото општество и сите наши граѓани тагуваат по загубата на 14 годишната Вања.

    Надлежните институции, Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство работеа интензивно, целосно го расветлија случајот, ги пронајдоа сторителите на ова грозоморно злосторство и тоа е за поздравување.

    Во рамки на своите законски надлежности МВР и Јавното обвинителство навреме преземаа соодветни активности, покажаа посветеност и професионалност на високо ниво.

    Очекуваме во најкраток можен рок сите сторители и инволвирани да бидат изведени пред лицето на правдата и да понесат одговорност за злосторството кое го потресе целото наше општество“ – се наведува во соопштението од СДСМ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img