Собраниската Комисија за прашања на избори и именувања на денешната седница ја утврди листата на кандидати за член на ДИК, потврди за МИА пратеникот на Беса, Фадил Зендели.
Пријавени се пет кандидати за нов член на ДИК – Беат Даути дипломиран правник, Абдуш Демири економист, Роберт Трајковски и Зулфи Адили. По утврдувањето, клистата ка кандидати треба да се најде на усвојување на пленарна седница.
Претпладнево, седницата на собраниската Комисија за прашања на избори и именувања беше прекината расправата за утврдување листа на кандидати за член на ДИК откако претседателката на Комисијата Марија Георгиевска истакна дека кандидатот на опозицискиот Европски сојуз за промени – Абдуш Демири не ги исполнува потребните критериуми, затоа што е генерален секретар на партија, на што бурно реагираше пратеникот на албанската опозиција Фадил Зендели велејќи дека тоа не е точно.
Зендели посочи дека со документите при пријавата на јавниот оглас била доставена и нотарска изјава која потврдува дека лицето не е носител на функција генерален секретар на партија.