Собраниската Комисија за економски прашања, на чиј дневен ред беа предлозите на законите за реализација на стратешките инвестициони проекти во енергетиката по скратена постапка, е одложена

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Собраниската Комисија за економски прашања, на чиј дневен ред беа предлозите на законите за реализација на стратешките инвестициони проекти во енергетиката по скратена постапка, е одложена.

На календарот на собраниската веб страница, иако првично беше најавена, тргната е седницата на Комисијата за економски прашања на која како точки на дневен ред беа предлозите на законите за реализација на стратешките инвестициони проекти „Соларен парк Стипион“, Соларна електрична централа – Пехчево, АИМ ГРЕЕН ТЕЦХ и Митилинеос когенеративна постројка Скопје, сите по скратена постапка.
Собранието денеска, како што е најавено, треба да одржи 5 пленарни седници, а на една од нив 140. треба да се разгледуваат предлог-законите за стратешките проекти во енергетиката кои се во скратена постапка.

Бидејќи матичната комисија денеска нема да расправа за овие предлог-закони, се очекува да биде одложена и расправата по нив на пленарната седница.

Share This Article