Собранието за утре напладне закажа седница на Комисијата за изборите и именувањата.
На дневен ред на првата седница на оваа Комисија се Утврдувањето Предлог – одлука за избор на претседатели, заменици на претседателите, членови и нивни заменици на комисиите на Собранието, разгледување на барањето од поранешниот претседател Стево Пендаровски, за мирување на правото на пензија по престанување на функцијата и разгледување на барањата за остварување на плата по престанок на функцијата пратеник, е наведено на собраниската веб-страница.
За изборот на претседателите и членовите на собраниската Законодавно правната комисија и на Комисијата за политички систем е разговарано и на денешната прва редовна координација на собранискиот спикер Африм Гаши со претставници на сите политчките партии во новиот собраниски состав.