More

    Собранието го усвои предлогот на ВМРО-ДПМНЕ

    spot_img

    На денешната седница македонското Собрание го усвои предлогот за формирање анкетна комисија утврдување на одговорност за политичките и здравствените функционери за состојбата на Клиниката за онкологија.

    Во анкетната комисија ќе учествуваат 14 пратеници, од кои шест ќе бидат од ВМРО-ДПМНЕ, пет од СДСМ, два од ДУИ и еден од Алијанса за Албанците.

    Анкетната комисија ќе треба да му поднесе конечен извештај на Собранието за еден месец од завршувањето на својата работа.

    Предлогот за формирање анкетна комисија е на ВМРО-ДПМНЕ, а доаѓа откако Обвинителството отвори предистражна постапка поведена врз основа на наводите во новинарски текстови за работата на Клиниката, третманот кон пациентите и кражбата на лекови.

    За скандалите поврзани со Клиниката за онкологија вчера во Скопје се одржа протест на кој својот револт го искажаа стотици граѓани. Тие најпрво се собраа на блокираната „Илинденска“, каде дел од учесниците симболично со црвена боја напишаа „Убијци“ на асфалтот од улицата, некои фрлаа со јајца кон белиот владин објект, а притоа се палеа и свеќи за жртвите на здравствениот систем.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img