Собранието ги усвои измените на Законот за здравствено осигурување со кои се ослободуваат од плаќање партиципација лицата со попреченост и со над 26 години возраст, соопшти СДСМ.
– Ова е долгогодишно барање на оваа категорија граѓани и ние како одговорни пратеници тоа сега го овозможуваме. На овој начин, го олеснуваме пристапот до лекарски услуги на лицата со попреченост кои повеќе нема да треба да плаќаат партиципација за услугите што ги добиваат.
Ова, освен во делот на лекување, позитивно ќе влијае и на превентивата и на редовните лекарски прегледи на лицата со попреченост – изјави Ненад Коциќ, пратеник од СДСМ.