Соборени три украински дронови јужно од Москва

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Украинското воено воздухопловство изутринава соопшти дека руските сили лансирале голема група дронови кон украинското пристаниште Измаил, на Дунав, во близина на границата со Романија, што е клучно за извозот на жито.

На социјалните мрежи е објавено дека истрелите на системот за противвоздушна одбрана се слушнале во областа во близина на овој град и пристаништето Рени, исто така на Дунав.

Во јужниот дел на областа Одеса, издадено е предупредувањето за воздушна опасност.

Од друга страна, руската противвоздушна одбрана рано утринава соопшти дека пресретнала три украински беспилотни летала над регионот Калуга, југозападно од Москва.

„Руските системи за противвоздушна одбрана навремено ги открија и уништија сите беспилотни летала. Немаше жртви или материјална штета“, објави Министерството за одбрана на каналот Телеграм.

Си-ен-ен јавува дека во последните неколку месеци има се повеќе украински напади врз руска територија, а Киев предупредува дека ќе ги има уште повеќе.

Share This Article