More

    Соборени два дрона над аеродромот Ербил

    spot_img

    Три вооружени беспилотни летала се соборени денеска над аеродромот Ербил во северен Ирак, каде се стационирани американски и други меѓународни сили, објави службата за борба против тероризам, истакнувајќи дека станува збор за два одвоени напади.

    „Во моментов не е јасно кој е одговорен за нападите, последни во серијата напади врз американските трупи во Ирак и Сирија додека се зголемуваат тензиите на Блискиот Исток поради војната меѓу Израел и Хамас. Одбранбениот систем во воената база во близина на аеродромот успешно се одбрани од беспилотните летала“ – се наведува во соопштението.

    Претставник на американското Министерство за одбрана соопшти дека во нападите нема жртви или оштетување на инфраструктурата.

    Ирачкиот премиер Мохамед Ал Судани вети дека ќе ги пронајде одговорните за неодамнешните напади на три воени бази во Ирак во кои се сместени советниците на меѓународната коалиција, вклучително и Аин ал Асад во западен Ирак, воената база во близина на меѓународниот аеродром во Багдад и Харир во Ербил.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img