Со жестока кавга започна седницата за пратенички прашања

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Ај што доцните 25 минути на пленарната седница за поставување пратенички прашања, ама треба да се запрашате и зошто половина Влада не е присутна во Собранието.

Ова, на самиот почеток на денешната пленарна седница, му го рече координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, на претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Мицевски му предложи на Џафери да се прекине денешната седница за поставување пратенички прашања, оти, како што рече, нема кој да одговара на прашањата.

– Навистина е несеироизен односот. Во моментов имаме 7 министри и 3 заменик-министри. Јас сум лично навреден и како пратеник и како човек. Барам денеска да присуствуваат сите министри. Ова е единствена можност преку која можеме да им се обратиме на министрите. Не да се смеете, туку вие треба да бидете тие што ќе бараат да дојдат министрите. Оти тие министри ги бираме ние и тие треба да бидат тука присутни – порача Мицевски.

На ова Џафери му одговори:

– Од една страна барате да не почнуваме со седницата, а од друга страна ме обвинувате за доцнење. Јас сум можел да дојдам во 11 часот и брзо да ја завршам работата, бидејќи бев индормиран дека во салата нема пратеници. Доколку сметате дека сум доцнел 20 минути, тогаш ќе работиме 20 минути подоцна. Јас не сум курир и не можам да трчам и да ги собирам министрите. Сите си имаат одговорност и знаат дека треба денеска да се тука. Само министерот Љупчо Николовски нѐ извести дека е спречен да присуствува на денешната седница – истакна Џафери.

Share This Article