Ноќеска во 00.40 часот во Полициската станица Валандово било пријавено дека на регионалниот пат Валандово-с.Пирава, во близина на место викано „Страиште“, патничко моторно возило „шевролет“ со велешки регистарски ознаки, управувано од И.В.(19) од с.Јосифово, удрило во дива свиња, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР).
„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетна сопатничка од с.Удово, констатирани во ЈЗУ-Здравствен дом Валандово. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Валандово“, наведено е во полицискиот билтен.