Новак Ѓоковиќ ја загуби титулата на Вимблдон, а згора на тоа, заработе и казна од организаторите на лондонскиот турнир.
Шпанецот Карлос Алкараз во големото финале на Вимблдон го победи Новак Ѓоковиќ со 1:6, 7:6, 6:1, 3:6, 6:4 и стигна до својот втор Грен слем во кариерата. 20-годишниот Шпанец го надигра најдобриот тенисер во историјата и сосема заслужено ја освои титулата. Алкараз имаше многу рано брејк предност во петтиот сет. Ѓоковиќ тоа не го прифати добро, гневот го истури на рекетот и мрежата и предизвика негодување кај публиката.
Денеска челниците на Ол Ингланд клубот потврдија дека Ѓоковиќ е казнет поради кршење на рекетот, а казната е 6117 фунти (околу осум илјади евра).
Судијата веднаш го опомена Ѓоковиќ на теренот за недолично однесување, тоа му беше второ опомена бидејќи првата ја доби за пречекорување на дозволеното време на сервис