Со што ја рани Пригожин руската армија?

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Евгениј Пригожин, руски бизнисмен познат и како „готвачот на Путин“ бидејќи го снабдува Кремљ со храна, наводно бил тужен повеќе од 500 пати минатата година поради снабдување на руската армија со неквалитетна храна, пишува Њузвик. Поранешниот продавач на хот-дог, а сега милијардер добил пријави од Министерството за одбрана.

Според независниот центар Можеме Објаснит („Можеме да објасниме“), ревизорите кај компаниите на Пригожин редовно констатираат прекршоци како што се „мали количества храна, производи со поминат рок, замена на заменети производи со замени со друг квалитет, ешерихиа коли откриена во храната, готвачи без здравствени сертификати, прекршоци во складирање и друго.

Пригожин стана познат во Русија кога отвори ресторан во кој доаѓаше Путин. Тој го основал ресторанот откако бил во затвор. Понатаму, тој почна да го води кетерингот за банкети во Кремљ и лично да му служи на Путин. Му тргнало, па снабдувал храна и за децата во училиштата. Најпосле, потпишал договор со руската армија. Сега, 506 тужби од армијата, односно од Министерството за одбрана можат да го чинат 1.555.780 долари.

Две години претходно, во 2020, неговите компании за кетеринг биле тужени со барање за отштета од 2.866.283 долари.

Компаниите поврзани со Пригожин не само што самите ги снабдуваат прехранбените производи, туку, наводно, ја подготвуваат и служат храната директно во самите воени единици.

Во моментот Пригожин е во центарот на вниманието како најголем финансиер и мозок зад платеничката група „Вагнер“ и гласен критичар на Владимир Путин. Аналитичарите велат дека раздорот меѓу Путин и Пригожин би можел ја доведе Русија до граѓанска војна.

Share This Article