More

    Со последните измени на Законот за стокови резерви кои беа донесени вчера и оризот стана дел од производите кои ќе се складираат како резерви од државата

    spot_img

    Со последните измени на Законот за стокови резерви кои беа донесени вчера и оризот стана дел од производите кои ќе се складираат како резерви од државата.

    Законот беше доставен во Собранието на почетокот на ланската година, но беше блокиран на комисијата за финансирање и буџет. Деновиве пратениците од ВМРО-ДПМНЕ побараа итна седница на собранието за да се изгласаат измените бидејќи е од значење за оризопроизводителите.

    Министерството за земјоделство по изгласувањето на законските измени соопшти дека ова прашање е дел од Националниот план за производство на храна и Националната Стратегија за земјоделството и руралниот развој за периодот 2021-2027 година, каде што е предвидена мерка „помош за складирање на производи“.

    „Целта на мерката е стабилизирање на пазарите во услови на пројавени вишоци на пазарот, преку охрабрување на операторите, привремено да ги чуваат своите производи наместо да ги продаваат на пазарот“, наведуваат од Министерството.

    -Оризот, нашето бело злато, е традиционална житна култура во нашата држава. Нашата поддршка, како министерство кон оризопроизводителите, сме ја докажале на дело. За 300 проценти се зголемени субвенциите за оризопроизводителите, а поддршка обезбедуваме и во набавка на специјализирани комбајни за жнеење на ориз и сушари за ориз. Бележиме добра цена на оризовата арпа, која достигнува и до 40 денари по килограм. Извозот, пак на ориз во 2023 година достигна вредост од над 7 милиони евра девизен прилив. Нашата поддршка кон оризопроизводителите продолжува. Останува нејасно зошто беше потребна оваа блокада на Законот, кога истиот можеше да се донесе многу порано, а оризопроизводителите оваа сезона, со поголем мотив да ги посеаат своите полиња, потенцираат од МЗШВ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img