Се омажи Вирџинија Михајловиќ, ќерка на починатиот српски фудбалер и тренер Синиша Михајловиќ.
Венчавката се одржа во саботата во италијанскиот град Бари, каде Вирџинија му го изговори судбоносното „да“ на италијанскиот фудбалер Алесандро Вољако. Токму во тој град во 1991 година со Црвена звезда таткото на Вирџинија ја освои титулата клупски шампион на Европа и на тој начин влезе во историјата на фудбалот.
Невестата објави неколку фотографии на Инстаграм и напиша емотивна порака сеќавајќи се на својот татко во описот на објавата.
„Тоа беше најдобриот ден во мојот живот, ден кој ги надмина сите мои очекувања. Тоа е емоција која не можам да ја опишам со зборови. Со нас беа луѓе кои ги сакаме, чувствував дека татко ми е покрај мене. Тој ме испрати до олтарот со моите браќа и вујко ми. Никогаш не дозволи да се чувствувам сама. Конечно го остваривме нашиот сон. И никој да не го раздели она што Бог го споил“, напишала Вирџинија.
Парот планираше да се венча минатата година, но ги одложи плановите по наглото влошување на здравствената состојба на Синиша, кој почина во декември 2022 година.
За потсетување, Синиша Михајловиќ почина на крајот на минатата година од леукемија, тешка болест со која се бореше со години. Со сопругата Аријана, Синиша ги добил и синовите Мирослав, Душан и Никола и ќерката Викторија, а пред тоа го имал и синот Марко.
ФОТО: Инстаграм