More

    Со победата на изборите не ја освои само Белата куќа

    spot_img

    Доналд Трамп не ја освои само Белата куќа, туку денеска, за само неколку часа тој стана побогат за повеќе од една милијарда долари, пишува „Си-ен-ен“.

    Акциите на „Трамп медиа“, кои тргуваат под симболот „DJT“, пораснаа за 35 отсто во претпазарното тргување, давајќи и неверојатна пазарна вредност од околу 9 милијарди долари.

    Трамп е доминантен акционер на конзервативната компанија за социјални медиуми, која има скромни приходи и бележи загуби.

    Акциите во сопственост на новоизбраниот претседател, вкупно 114,75 милиони акции, вредат околу 5,3 милијарди долари врз основа на претпазарното тргување, во однос на 3,9 милијарди долари на денот на изборите. Сепак, тоа се само добивки од хартија, а во пракса би било тешко Трамп да ги продаде повеќето од тие акции без цената драстично да се намали.

    Со месеци „Трамп Медиа“ служеше како показател за тоа како трговците веруваат дека изборите ќе завршат. Како што се намалуваа шансите за победа на Трамп, цената на акциите на компанијата падна на рекордно ниско ниво во текот на септември.

    Но, помеѓу 23 септември и крајот на октомври, вредноста на „Трамп Медиа“ тројно се зголеми што се должи на неверојатниот скок кој е поттикнат од облозите за победа на Трамп во Белата куќа.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img