Со овој договор се промовира регионална мобилност, оцени МОН

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Дипломите издадени во една од шесте земји од регионот: Северна Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Косово и Албанија, од надлежна високообразовна институција, ќе се признаваат во сите други, предвидува Договорот за признавање на високообразовните квалификации во Западен Балкан. Со потпишувањето на Договорот на претстојниот Самит на Берлински процес во Берлин, Германија, се промовира академска мобилност и соработка , високото образование се препознава како јавно добро и јавна одговорност и се подига поддршката и заштитата на академската слобода и автономијата на високообразовните институции.

– Креирањето на политики на регионална интеграција во сферата на високото образование е голем успех за сите шест држави. Развивањето на соработка помеѓу високообразовните и истражувачките институции во Западен Балкан овозможува и развојот на знаењето преку мобилност на студентите, професорите, истражувачите и стручните лица, создавајќи основи за побрз развој на регионот – оцени министерот за образование и наука Јетон Шаќири, по седницата на Владата на која беше разгледана и усвоена Информацијата за склучување на Договорот за признавање на високообразовните квалификации во Западен Балкан и беше прифатен усогласениот текст на Договорот.

Договор го уредува меѓусебното признавање на високообразовните квалификации стекнати во јавни акредитирани високообразовни институции, продолжувањето на студиите и пристапот до нерегулираниот пазар на труд во секоја од шесте држави потписнички.

Share This Article