Со новите интерконектори ќе се намали зависноста од гас од Русија

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Северна Македонија е вклучена во сите регионални иницијативи со цел да се обезбеди сигурност во снабдувањето со гас и да се диверзифицираат местата од кои го добива изјави министерот за економија Крешник Бектеши во обраќањето на меѓународната конференција на министрите за енергетика од Западен Балкан,.

Тој информира дека е во финална фаза почетокот на изградбата на интерконекторот со Грција, како и дека се водат преговори со Бугарија за изградба на уште еден конектор.

Бектеши рече и  дека земјава моментално се снабдува со гас од само еден гасовод од Бугарија од руската компанија „Гаспром“.

Според него, со новите интерконектори ќе се намали зависноста од гас од Русија, а земјава ќе учествува во регионалната „таск форс“ за снабдување со гас, што ќе биде одлична можност.

Министерот Крешник Бектеши во Софија имаше билатерални средби со министрите за енергетика на Украина Герман Галушченко, на Грација Константинос Скрекас и на Србија Зорана Михајловиќ.

Share This Article