Со новата набавка ќе се обезбеди најсовремената терапија

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Од Министерството за здравство велат дека сите пациенти ја добиваат потребната инсулинска и антидијабетична терапија откако денеска од Сојузот на здруженија на дијабетичари изразија незадоволство од буџетот за 2025 година за инсулинска терапија.

„Потенцираме дека сите пациенти ја добиваат потребната инсулинска и антидијабетична терапија. Исто така, со новата двегодишна јавна набавка ќе биде обезбедена најсовремена здравствена терапија. Во соработка со надлежните институции, континуирано се прават напори за обезбедување дополнителни средства за медицински помагала за пациентите со дијабетес,“ се вели во соопштението до јавноста.

Од ресорното Министерство посочуваат дека согласно воспоставената практика, претставници од Сојузот на здруженија за дијабетес биле консултирани за тековните предизвици со кои се соочуваат пациентите.

Share This Article