More

    Со неколку лекови лани оствариле продажба од 10,4 милиони евра, интервју на Мукаетов за романски „Бизнис магазин“

    spot_img

    Македонскиот производител на лекови „Алкалоид“, кој во последните пет години забележа просечна стапка на раст од над 12%, отвори капитално поврзано друштво во Романија за зајакнување на својата позиција на локално ниво. Заради одржување на темпото на раст, компанијата, која е присутна речиси во 50 земји, цели кон глобална експанзија.

    Во канцелариите во Скопје пазарот во Романија се смета за стратешки, а локалното работење во првата година достигна пораст на продажбата од 66%. „Алкалоид“ пласира околу 20 производи на романскиот пазар, од речиси 250 производи од портфолиото на фармацевтската компанија.

    – Плановите за Романија имаат цел зголемување на тимот, на портфолиото на производи и на популарноста на брендот на производителот – вели Живко Мукаетов, генерален директор и претседател на Управниот одбор на „Алкалоид“ АД Скопје.

    Константа во долгогодишната историја на „Алкалоид“ се инвестициите. Во последните петнаесет години компанијата издвои речиси 220 милиони евра насочени кон изградба на нови фармацевтски единици, зголемување на капацитетите за истражување и развој, инсталирање најсовремена опрема, лаборатории, технологии, софтвер и добро обучен кадар.

    Денес „Алкалоид“ пласира повеќе од 70% од своето производство во речиси 50 земји во светот. Глобалните трендови во фармацевтската, хемиската, билната и во козметичката индустрија се применети во нивното секојдневно работење, а нивното придржување до најстрогите стандарди за добра производствена пракса го потврдуваат реномирани авторитети.

    – Во една динамична индустрија каква што е фармацевтската, пласманите, вообичаено, одговараат на инвестициите, вештините и на знаењето, кои во последните две децении строго ги насочивме кон глобално позиционирање на брендот „Алкалоид“. Важна стратешка гледна точка во нашата глобална мапа е Романија. На овој пазар, откако бевме присутни во последните години, во 2022 година регистриравме сопствена компанија во Букурешт – вели Мукаетов.

    Таму портфолиото на „Алкалоид“ се состои од повеќе фармацевтски производи и од производи за хемодијализа.

    – Наш врвен фармацевтски производ на овој пазар е антибиотикот „цефиксим“ (македонски „панцеф“), регистриран со заштитниот знак Xifia во Романија, кој е меѓу петте најдобри брендови на антибиотици на романскиот пазар. Секој производ, секој бренд и секоја одлука на „Алкалоид“, главно, се резултат на залагањата на луѓето, пред сѐ. Нашата цел е да изградиме компанија од задоволни луѓе кои го вложуваат својот потенцијал во нашиот заеднички успех, бидејќи имиџот, вредностите, кредибилитетот и организациската култура на компанијата се рефлектираат преку нејзините луѓе – вели Мукаетов.

    Сегашното портфолио на компанијата во Романија вклучува неколку антибиотици (Xifia и Forexo), производ за третман на бенигна хиперплазија на простатата и додатоци во исхраната за жени кои планираат бременост, кои се бремени и кои дојат. Покрај тоа, преку партнерството со MagnaPharm Marketing & Sales Romania компанијата продава повеќе производи за ублажување на симптомите на болка, настинка и грип, кои се продаваат под брендот Caffetin.

    Достапноста на лековите за романските пациенти е подобрена во последниве години, што ја позиционира Романија како една од водечките земји во однос на потенцијалот во целиот регион. Локалниот фармацевтски пазар е многу добро регулиран во однос на регистрација на нови производи и на одредувањето на цените.

    Романија беше една од земјите со најголем раст на продажбата во 2023 година, поточно 66% зголемување на консолидираната продажба во споредба со 2022 година. Во 2023 година романската подружница на „Алкалоид“ придонесе со речиси 10,4 милиони евра во консолидираната нето-продажба.

    Во првиот квартал од тековната година групацијата го продолжи трендот на раст достигнувајќи консолидирана продажба од 79,9 милиони евра, што е за 13% повеќе во однос на истиот период лани. Продажбата во Романија повторно е меѓу оние со најголем раст и бележи зголемување од 27 отсто во однос на истиот период минатата година.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img