Објавена е нова ранг листа на најмоќните пасоши во светот која се води од тоа со кој пасош каде можете слободно да патувате без да ви биде потребна виза.
Според „Henley Passport Index“ (HPI) од земјите од поранешната држава, Босна и Херцеговина сè уште е најлошо рангирана и е на 43-то место, заедно со Албанија. Граѓаните на овие земји слободно можат да патуваат во 123 земји.
На оваа листа највисоко котира Словенија. Таа е на 10 место со 184 земји во кои можат да патуваат нејзините граѓани без виза. По неа е Хрватска, на 11. место, затоа што на нејзините граѓани им овозможила без виза да патуваат во 183 земји. Српскиот пасош е на 34 место со 140 дестинации. Црна Гора е на 41 место со 128 дестинации.
Македонија го дели 41 место со Црна Гора. Со нашиот пасош можеме без виза да патуваме во 128 земји.
Најмоќниот пасош во светот е сингапурскиот, со кој без виза може да се патува во дури 195 земји.
На второ место се пасошите на Јапонија, Германија, Франција, Италија и Шпанија кои овозможуваат безвизно патување до 192 дестинации. Високо рангирани се и Јужна Кореја, Шведска, Финска, Австрија, Ирска, Луксембург и Холандија, кои ја делат третата позиција, а чии граѓани можат без виза да патуваат во 191 земја.
На дното на оваа листа, на 103. место е Авганистан, чиј пасош дозволува патување во само 26 земји без виза. Претпоследна е Сирија со 28 дестинации, додека Ирак е на 101 место со 31 дестинација. Бројот 100 на листата го делат Пакистан и Јемен со 33 дестинации.